ПРОЕКТ: #ГоСолар.Македонија

Фотоволтаична Електроцентрала на Секој Кров

#ГоСолар.Македонија

помага на сопствениците и корисниците на објекти да го искористат потенцијалот на сончевата енергија што секојдневно паѓа врз нивната структура на кровот и да произведат сопствена електрична енергија.

Факт е дека цената за електрична енергија поскапува од година во година, а искористувањето на сончевата енергија станува се поисплатливо. Многу сопственици на објекти се заинтересирани да ги намалат трошоците за електрична енергија, а воедно и да заштедат на долг рок.

Како Функционира?

Полесно од Било Кога до Сончева Енергија

GoSolar Calculator 2

1.

Пресметајте колку ќе заштедите со користење на сончева енергија и колкава моќност треба да ви биде вашиот систем според потенцијалот на сонцето на вашата локација.

Направете Проценка или Поднесете Барање

offgrid_3m

2.

Одберете го вашиот систем според вашите потреби и можности, број на панели, моќност на инвертор и дали сакате да го продавате вишокот на енергија или да го чувате во склад со батерии.

Одберете Систем и Нарачајте

house instal gosolar drawing

3.

Инсталирајте го вашиот систем сами или ние ќе го инсталираме за вас. Започнете да штедите уште од првиот месец, а користете бесплатна енергија од сонцето во следните 25 години.

Започнете Сега – Направете Точна Процена на Вашиот Кров!

Потенцијалот на Сонцето во Македонија

На сликата подолу е прикажана просечната годишна соларна радијација во Македонија, изразена во kWh/m2, како и можното просечно производство на електрична енергија од фотоволтаична електроцентрала на инсталирана моќ од 1 kWh на годишно ниво.

За регионот на Македонија, оптималниот агол на накосување на фотоволтаичните панели изнесува околу 30 до 33 степени.

North-Macedonia_PVOUT_mid-size-map_156x168mm-300dpi_v20191015

Со околу 280 сончеви денови во годината и околу 1.500kWh сончево зрачење на еден метар квадратен,

Македонија се наоѓа во земјите со најголемо зрачење на сонцето во Европа, со во просек 4 до 5 часа дневно во текот на целата година.

Потенцијалот за Заштеди во Македонија

Домаќинства, 6kWh

За домаќинство со просечна потрошувачка за струја од околу 6,000 денари месечно, фотонапонска електроцентрала со 6kWh моќност

може да произведе околу до 900kW секој месец или

10.000kW секоја година во противвредност од 83.000 денари (по скапа тарифа во Блок 1 од 8.3 денари/киловат)

и да заштеди над 2.150.000 денари или 35.000 евра во следните 20 години.

Тоа е со веќе отплатена инвестиција за централата.

 

Компании, 40kWh 

За компании со просечна потрошувачка за струја од околу 20,000 денари месечно, фотонапонска електроцентрала со 40kWh моќност

може да произведе околу до 4.000kW секој месец или

48.000kW секоја година во противвредност од 849.600 денари (по скапа тарифа во Блок 1 од 17.7 денари/киловат)

и да заштеди над 16.900.000 денари или 200.000 евра во следните 20 години.

Тоа е со веќе отплатена инвестиција за централата.

 

Пресметајте ја Вашата Заштеда!

Со внесување на износот на вашата сметка за струја, ќе добиете проценка за вашата можна заштеда од користењето на сончевата енергија.

Истотака ќе дознаете:
колкав систем ви треба, колку соларни панели, колкава моќност на инвертер, колку батерии, колкава површина ќе ви биде потребна на вашиот кров, колку приближно ќе ве чини и колку ќе заштедите во период од 20 години.

#ГоСолар.Македонија

Готови решенија за производство на електрична енергија од сонцето. Соработуваме со врвни и искусни компании во областа на развој, производство и снабдување со соларни панели, инвертери и батерии. Имаме повеќе технолошки партнери и добавувачи со завидна палета на компоненти за соларни централи. Видете повеќе за нас…

Започнете да Штедите со Сончевата Енергија!

Заштеда точно прилагодена на вашите можности и потреби!

Секој кров е различен – големина, форма, насока, наклонетост, зрачење, засенчување…! Вие ќе добиете точна проценка на можностите за производство на енергија од сонцето според вашата локација и тип на кров, препорачани елементи за вашата фотоволтаична електроцентрала и целосна финансиска пресметка за трошокот во однос на заштедата во следните 20 години.

Поднесете барање до #ГоСолар.Македонија и добијте точна анализа за можноста за користење и заштеда со соончевата енергија.

Како Работи Фотоволтаичната Електроцентрала?

Дознајте како функционира една фотоволтаична електроцентрала.