Како Функционира Сончевата Енергија?

Создавањето на сопствена електрична енергија со помош на сонцето звучи примамливо.

Но, како функционира еден фотоволтаичен систем?

Фотоволтаични панели се состојат од голем број споени соларни ќелии, вообичаено направени од полупроводнички силициум, кои ја претвараат сончевата енергија во електрична енергија.

Сончевата светлина се состои од ситни честички на светлина наречени фотони. Кога овие фотони ќе го погодат фотоволтаичниот панел, тие предизвикуваат движење на електроните во сончевите ќелии. А кога електроните се движат, струјата тече.

Инвертерот, кој е поврзан со фотоволтаичните панели ја претвора оваа директна струја во наизменична струја, која може да се троши во куќата, да се чува во склад за енергија или да се внесе во електричната мрежа.

Вашата Фотоволтаична Електроцентрала

gosolar panels

1.

Фотоволтаични Панели

Фотоволтаичните панели се составени од фотоволтаични (PV) ќелии, кои ја претвараат сончевата светлина во електрична струја со еднонасочна струја (DC).

Solar-Inverters-GoSolar

2.

Соларни Инвертори

Инверторот ја претвора еднонасочната електричната енергија генерирана од соларните панели во наизменична електрична струја што се користи во повеќето домови.

GoSolar Batteries

3.

Склад за Енергија

Енергијата, доколку не се предава на операторот, може да се чува во соларни батерии за да се искористи навечер кога панелите не произведуваат струја.

Solar-WiFiApp-GoSolar

4.

Систем за Следење

Системот за следење испраќа информации за вашата фотоволтаична инсталација, вклучувајќи ја количината на енергија што ја произведува, ја чува или предава на снабдувачот.

Solar-Metering-evn-GoSolar

5.

Достапност на Мрежа/Батерии

Вашата фотоволтаична електроцентрала сè уште е поврзана на локалната мрежа или користи склад за енергија за да обезбеди струја после зајдисонце, а вишокот што го создава во текот на денот го складира во батерии или го предава назад во мрежата.

Колку Можете да Заштедите со Сончевата Енергија?

Користењето на сончевата енергија денес е достапно бидејќи цената на деловите за фотонапонската електроцентрала се намалени, технологијата е подобра и цената на електричната енергија е зголемена.

Сончевата енергија е обновлив извор на енергија што можеме да го користиме да заштедиме пари во замена на електричната енергија што ја произведуваме за нас, а вишокот на произведената електрична енергија на нашиот покрив ја предаваме на мрежата на ЕВН. Зелена, чиста енергија од обновливи извори.

Сончева Енергија

За домаќинство со просечна потрошувачка за струја од околу 6,000 денари месечно, со фотонапонска електроцентрала од 6kWh моќност може да произведе околу 10МW секоја година и да заштеди над 35.000 евра во следните 20 години. Тоа е со веќе отплатена инвестиција за централата.

Клучни Фактори

кои одредуваат дали можете да заштедите со користење на сончевата енергија.

  • Колку сонце зрачи на вашиот кров
  • Локација, големина, накосеност на кровот
  • Колку електрична енергија трошите
  • Цени на електрична енергија
  • Составни делови на централата

Бесплатна Проценка за Заштеда

Добијте проценка за потребната големина на вашиот систем и можната заштеда од користењето на сончевата енергија од вашиот кров.

Заинтересирани сте, но не знаете што да очекувате?

Дознајте кои се чекорите до фотоволтаична електроцентрала, која е процедурата и колку време трае цела изведба.