Готови Решенија за Производство на Сопствена Електрична Енергија од Сонце
Фотонапонска Електроцентрала на Секој Кров!
Поставете Фотонапонска Електроцентрала на Вашиот Кров и Заштедете!
Факт е дека цената за електрична енергија поскапува од година во година, а искористувањето на сончевата енергија станува се поисплатливо. Многу сопственици на објекти се заинтересирани да ги намалат трошоците за електрична енергија, а воедно и да заштедат на долг рок.
Како Функционира?
Полесно од Било Кога до Сончева Енергија
1.
Пресметајте колку ќе заштедите со користење на сончева енергија и колкава моќност треба да ви биде вашиот систем според потенцијалот на сонцето на вашата локација.
2.
Одберете го вашиот систем според вашите потреби и можности, број на панели, моќност на инвертор и дали сакате да го продавате вишокот на енергија или да го чувате во склад со батерии.
3.
Инсталирајте го вашиот систем сами или ние ќе го инсталираме за вас. Започнете да штедите уште од првиот месец, а користете бесплатна енергија од сонцето во следните 25 години.
Потенцијалот на Сонцето во Македонија
На сликата подолу е прикажана просечната годишна соларна радијација во Македонија, изразена во kWh/m2, како и можното просечно производство на електрична енергија од фотоволтаична електроцентрала на инсталирана моќ од 1 kWh на годишно ниво.
За регионот на Македонија, оптималниот агол на накосување на фотоволтаичните панели изнесува околу 30 до 33 степени.
Со околу 280 сончеви денови во годината и околу 1.500kWh сончево зрачење на еден метар квадратен,
Македонија се наоѓа во земјите со најголемо зрачење на сонцето во Европа, со во просек 4 до 5 часа дневно во текот на целата година.
Потенцијалот за Заштеди во Македонија
Заштеда за Домаќинства со 6kWh систем
За просечна потрошувачка на струја – околу 6.000 денари месечно
Препорачана моќност – 6kWh електроцентрала
Месечно производство – 900kW / Годишно – 10МW
Вредност – 83.000 денари (по тарифа за Блок 1)
Вкупна Заштеда – над 2.200.000 денари во следните 20 години
Со веќе отплатена инвестиција!
Заштеда за Компании со 40kWh систем
За просечна потрошувачка на струја – околу 20,000 денари месечно
Препорачана моќност – 40kWh електроцентрала
Месечно производство – 4.000kW / Годишно – 60МW
Вредност – 850.000 денари (по тарифа за компании)
Вкупна Заштеда – над 16.900.000 денари во следните 20 години
Со веќе отплатена инвестиција!
#ГоСолар.Клуб
Готови решенија за производство на електрична енергија од сонцето. Соработуваме со врвни и искусни компании во областа на развој, производство и снабдување со соларни панели, инвертери и батерии. Имаме повеќе технолошки партнери и добавувачи со завидна палета на компоненти за соларни централи. Видете повеќе за нас…