Кои се Чекорите до Фотоволтаична Електроцентрала на Вашиот Кров?
Без разлика дали ќе одлучите да се договорите со компанија која ќе понуди целосна услуга, клуч на рака, или ќе сакате да сработите дел од работата и сами со помош на локални мајстори, времето до завршена работа обично трае од 30 до 90 дена.
1. Проценка на Вашиот Систем
Просечно време: 1 ден
Добијте точна проценка за колку енергија можете да произведете на вашиот кров и целосна финансиска анализа за заштедата при користење на фотоволтаична електроцентрала во вашиот дом.
2. Понуда и Договор за Изведба
Просечно време: 1 недела
Спецификација на составните елементи според можностите на локацијата и вашиот кров. Креирање на детален преглед на трошоците за изведба и условите при изведбата на фотоволтаичната електроцентрала.
3. Проектирање и Дозволи
Просечно време: 1-2 недели
Задолжително САМО за ОнГрид системи (производител-потрошувач). За системи за самостојно користење на енергија со можност за чување на дополнителната, овој чекор не е задолжителен.
Проектирање на Основен проект со фази архитектура и електрика (по потреба статика) и поднесување до сите надлежни институции.
4. Изведба на Проектот
Просечно време: 2-4 недели
Достава на избраните составни делови и монтажа на кровната конструкција, панелите, инверторот, соларните батерии, и поврзување со потребните кабли и заштити со вашиот објект.
5. Пуштање на Централата во Употреба
Просечно време: 1 недела
Проверка на исправност на целосната изведба и поврзување на фотоволтаичната електроцентрала и пуштање во употреба на задоволување на вашите потреби за електрична енергија.
6. Двонасочно Броило од ЕВН
Просечно време: 2-4 недели
Задолжително САМО за ОнГрид системи (производител-потрошувач). За системи за самостојно користење на енергија со можност за чување на дополнителната, овој чекор не е задолжителен.
Поднесување на документи за склучување на договор со ЕВН и приклучок кон мрежата на операторот, како и проектирање и изведба на приклучокот со ЕВН од страна на ЕВН Македонија или овластена компанија.
7. Уживајте во Сопствена и Чиста Енергија
Просечно време: Во наредните 25-30 години.
Започнете да ја користите сопствената енергија и да уживате во зелена и чиста енергија што ќе ви донесе заштеда на пари и околината во која живееме во годините што доаѓаат.
Како Да Изберете Изведувач на Вашиот Проект?
Изборот на вистинскиот изведувач на вашата фотонапонска електроцентрала може да помогне во безгрижна надградба и да влијае на подобрување на перформансите на системот. #ГоСолар.Македонија може да ви обезбеди детална понуда од проектирање, изведба и оддржување на системот.
Кои Соларни Панели?
25 години гаранција
Само А Оценка соларни панели, секогаш монокристални со најмалку 25 години гаранција на моќност. Користиме само фотоволтаични панели од светски брендови што се во индустријата многу години.
Каков Инвертор?
5 плус 5 години гаранција
Инверторите се премиум инвертори што доставуваат енергија во вашата куќа или ја предаваат на мрежата. Тие се секогаш од доверливи добавувачи и обично доаѓаат со 5 години фабричка гаранција, а гаранцијата може и да се продолжи.
Какви Батерии?
Над 3.000 циклуси
Соларни ГЕЛ батерии од реномирани светски производители со фабричка гаранција од 3 години и животен век со над 3.000 длабоки празнења и полнења кои овозможуваат над 10 години чување и користење на вашата енергијата.
#ГоСолар.Македонија
Готови решенија за производство на електрична енергија од сонцето. Соработуваме со врвни и искусни компании во областа на развој, производство и снабдување со соларни панели, инвертери и батерии. Имаме повеќе технолошки партнери и добавувачи со завидна палета на компоненти за фотоволтаични електроцентрали.